ЈОУ Дом за стари лица Сју Рајдер Битола како установа за вон-семејна социјална заштита врз основа на Законот за социјална заштита и Статутот на установата обезбедува згрижување, 24-часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека и обезбедување на здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребна вон-семејна заштита.
Услугата за сместувањето во установата за стари лица покрај основната заштита од член 94 од Законот за социјална заштита обезбедува и социјални, културни и рекреативни активности во зависност од потребите на корисниците на услугите.
Дејноста на Установата е сместување на стари, изнемоштени и хронично заболени лица; возрасни и стари лица кои заради разни околности се нашле надвор од местото на живеење, без средства за живот или се без постојано сместување.
Установата обезбедува целосна и континуирана грижа за корисниците преку сместување, исхрана, помош и нега, како и здравствена и социјална заштита. Во рамките на услугите се вклучени и културно-забавни, рекреативни и работни активности, работно-производна активност, работна терапија и други програми, прилагодени на индивидуалните потреби и способности на корисниците, со цел подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Установата располага со капацитет од 150 легла и два павиљони со вкупно 70 станбени единици, во кои корисниците се сместуваат согласно нивната здравствена состојба и пол. Дополнително, установата има сопствена кујна во која се подготвуваат три оброци дневно за секој корисник, како и целосно опремена пералница која обезбедува редовно одржување на личната облека, постелнината и останатиот текстил што е во функција на корисниците и вработените.
Портирница: 075 331 792
Социјален работник: 075 331 814
Сметководител: 075 222 643
Правник: 077 306 099
Павиљон 1: 076 456 616
Павиљон 2: 076 456 617
Лице за информации од јавен карактер Татјана Галовска: 075 222 643
